Често поставувани прашања

За набавка на нов апарат со ГПРС е потребно последно валидно решение од централен регистар со регистирана подружница доколку ја имате.

Апаратот ќе може да се подигне истиот ден или евентуално следниот (не повеќе од 24 часа).

Обуките се одржуваат во просториите на Акцент на ул.Орце Николов 133 Д-3 Скопје со следниов распоред:
Обука за фискалните апарат со модел SY250 и SY55 се одржуваат секој понеделник , вторник и петок во 15h
Обука за фискалните апарати со модел SY47 се одржуваат секоја среда и четврток во 15h

Според законот за регистирање на готовински плаќања обврска за набавка на резервен апарат има секој даночен обврзник чиjшто промет во деловниот објект надминува 1.000.000,00 денари во претходната година.

Потребно е да се донесе:
фискалниот апарат,
сервисната книга,
печат.

Пакетите се со времетрaeње од 12 месеци, започнувајќи од датумот на истекување на претходниот пакет или гаранција.

Нема ограничување, можете тоа да го направите во кој било период од годината, пред истекот на пакетот.
Сообраќајот ќе биде активен 12 месеци од датумот на претходната регистрација (фискализација).

Потребно е да го донесете фискалниот апарат со сервисната книга во Акцент и претходно да извршите уплата на жиро сметка за еден од пакетите за поддршка на фискални апарати. Како доказ за извршена уплата треба да доставите заверен вирман од банка.
За да добиете профактура пратете го регистарскиот број на фискалниот апарат и пакетот за поддршка за кој се имате одлучено на accent@accent.mk.