Интерен документ
ОБ.00.А22

ПОЛИТИКА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Основните политики кои Акцент ДООЕЛ ги пропишува и настојува да ги реализира во однос на Управувањето со
животната средина се:
- Постигнување на целосна усогласеност со законските регулативи и други стандарди кои се однесуваат на животната средина
- Водење и ажурирање на регистар на тековните законски регулативи и барања кои се однесуваат на Управувањето со животната средина
- Водење и ажурирање на Извештај за идентификувани аспекти на животната средина
- Прашањата за климатските промени се разгледуваат од страна на организацијата во контекст на ефективноста на системот за управување, покрај сите други прашања
- Подигање на свеста за подобрување на квалитетот на загадениот воздух преку конкретни мерки и активности: одење со велосипед на работа, контролиран и современ возен парк, еколошки начин на греење и ладење
- Подигање на свеста за можноста на влијание врз климатските промени и свесност за ризиците од климaтските промени
- Поттикнување да се минимизира потрошувачката и трошењето на природните ресурси колку што е разумно и економски изводливо, преку промовирање на економичен и ефикасен пристап во искористувањето на енергијата, со цел зачувување на природните ресурси
- Поголема селекција и рециклирање на отпадот и одложување на електронскиот отпад, согласно законските барања и прописи
- Поттикнување на свесноста кај вработените за поголема штедливост при користење на хартија и пластика, како и производи од пластика
- Запознавање на вработените и заинтересираните страни со политиката за Управување со животната средина, истата да се образложи и да се разбере преку ефективна комуникација, обука на вработените и поттикнување на учество и посветеност
- Поставување на годишни цели во врска со најбитните аспекти на управување со животната средина, нивно следење и мерење, како и воведување на мерки за постојано подобрување,согласно барањaта на стандардот 14001:2015
- Спречување на ризикот и опасностите за животната средина преку подигање на свеста за соодветно складирање на отпад
- Редовен мониторинг, мерење и преземање на корективни активности,по потреба
- Извршување на редовни годишни и случајни ревизии на системот за управување со животна средина.
Сите вработени се запознаени со оваа политика и истата се ревидира еднаш годишно од страна на раководството на Акцент ДООЕЛ.
Датум:
генерален директор
09.01.2025
Милан Петровски