Изјава за приватност при вршење на видео надзор

Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што Акцент Дооел Скопје

(во натамошниот текст: Контролор), ги собира од вас при посета на службените/деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.

1. Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?

Акцент Дооел Скопје собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):

  • да се контролира пристапот до објектот (зграда, влез, простории..) и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените во Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;
  • за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и
  • да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на фирмата, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад).

Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.

Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага).

Камерите за видеонадзор се инсталираат на различни локации на административниот објект и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените/деловните простории (објекти), вклучително и имотот (на пример за паркирање).

Системот со видеонадзор ја опфаќа областа на: влезните и излезните места на зградата, влезните места во зградата, гаража и надворешна површина на зградата двор и просторот за паркирање .

2. Какви податоци собира Контролорот?

Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.

З. Кој е одговорен за обработка на податоците?

Контролорот е субјект кое ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, Владимир Мирчевски е лице за контакт и одговорно за видео надзорот.

4. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?

Контролорот користи опрема за видеонадзор за

  • заштита на сопственоста;
  • обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории. Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.

Покрај тоа на влезот на Акцент Дооел Скопје има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.

5. Кој може да ги види моите лични податоци?

До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор (на пример: членовите на безбедносниот персонал на контролорот. Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица). До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на управителот Милан Петровски.

6. Како да ги контролирате вашите податоци?

Може да испратите барање на Акцент Дооел Скопје е-пошта на contact@accent.mk, адреса Орце Николов 133 Д3 Скопје.

7. Можам ли да пристапам до моите податоци?

Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање до Акцент Дооел Скопје или преку е-пошта до contact@accent.mk.

8. Можам ли да ги менувам моите податоци?

Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.

9. Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?

Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на Акцент Дооел Скопје е-пошта на contact@accent.mk, адреса Орце Николов 133 Д3 Скопје, кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработка и кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.

10. Дали можам да ги избришам моите податоци?

Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на Акцент Дооел Скопје е-пошта на contact@accent.mk, адреса Орце Николов 133 Д3 Скопје, кога обработката е незаконска.

11. Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?

Вашите податоци се чуваат во контролорот, освен ако не побарате од контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.

12. Дали имам право на приговор?

Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на Акцент Дооел Скопје е-пошта на contact@accent.mk, адреса Орце Николов 133 Д3 Скопје), кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

13. Што можам да направам во случај на проблем?

а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до contact@accent.mk и да побарате да преземе акција.

б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци на ana.gerasimovska@accent.mk.

в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.

14. Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?

Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.

15. Безбедност на личните податоци

Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.

16. Колку долго ги чуваме вашите податоци?

Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци 30 календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.

Акцент е секогаш достапен за комуникација со своите потрошувачи. Ви стоиме на располагање.

Вашето име (задолжително)

Вашиот Email (задолжително)

Тема

Порака