




Комплетно Веб ориентирано решение за материјално и комерцијално работење
Преку 160 инсталации и задоволни комитенти

Рекоа за нас
Нептун Македонија

Collab користиме повеќе од една декада. Покрај непреченото функционирање, поддршка и комуникација, морам да признаам дека сум импресиониран од пристапот кон развој на системот. За тимот од Акцент не постои предизвик кој што не е решлив, напротив нивното разбирање на корисникот е од огромна помош при дизајнот на нови елементи.
Иновацијата е клучен елемент за раст на секоја организација, но истата е невозможна ако немате соработници кои размислуваат исто како вас.
Во Акцент можете да најдете не само провајдер, туку и партнер.
ММ Инвестмент (Винарска Визба Лозар Велес)

При крај на 2016-та година се договоривме со компанијата Акцент да преземеме интегрирана апликација за Винаријата Лозар. Од Јануари 2017-та за еден месец, апликацијата беше инсталирана, предадена во продукција и со извршена обука.
Имплементацијата беше направена брзо и стручно, согласно договорените рокови и истата активно се користи.
Со Акцент имаме успешна соработка и во други фирми од Групација Зегин, што најмногу може да се види од задоволните корисници на апликацијата.
Макоил

Задоволни од професионалноста и етичкиот кодекс на Вашата компанија. Секогаш практикувате отворена и постојана комуникација, затоа сте успешни во својата дејност.
Телешоп

Срдечно ја препорачуваме компанијата Акцент ДООЕЛ Скопје доколку и Вам Ви е потребен стабилен, професионален и доверлив партнер за изработка на Софтвер во Р. Македонија.
Нептун Македонија

Collab користиме повеќе од една декада. Покрај непреченото функционирање, поддршка и комуникација, морам да признаам дека сум импресиониран од пристапот кон развој на системот. За тимот од Акцент не постои предизвик кој што не е решлив, напротив нивното разбирање на корисникот е од огромна помош при дизајнот на нови елементи.
Иновацијата е клучен елемент за раст на секоја организација, но истата е невозможна ако немате соработници кои размислуваат исто како вас.
Во Акцент можете да најдете не само провајдер, туку и партнер.
Дивано Стил

Одличната долгогодишна соработка, професионален кадар, позитивна атмосфера, со пријателски однос на вработените кои беа секогаш спремни да ни излезат во пресрет. А токму ваквиот пристап е потребен за градење на успешна кариера.
Тудорс

Секогаш достапни и професионални, со години соработуваме со Акцент и сме презадоволни од нивниот професионален и коректен однос.
Креатива.инк
Во Акцент најдовме партнер со кого имаме одлична квалитетна долгогодишна соработка.
Тимот на Акцент е посветен кон клиентот, со професионален пристап и услуга, иновативни во развојот и решенијата.
Проактивноста и брзиот начин на решавање на проблемите преку нивната корисничка поддршка се едни од карактеристиките кои ги поседуваат и практикуваат во секојдневната соработка.
Големо браво за ваков успешен тим!
Веб пристап

Лесно оддржување и надоградба
Поголема контрола над документи
Графички интерфејс со голема резолуција
Лесно прилагодување кон различни видови хардвер
Експорт на податоци во повеќе облици

За компании кои
Имаат потреба од многу различни типови на документи како и специфични типови на документи кои треба засебно да се програмираат
Имаат потреба од документ менаџмент систем (ДМС)
Имаат потреба од строго контролиран и прецизен тек на работи и настани
Имаат потреба од детална контрола и евиденција на тоа кој работник какви активности може да извршува во рамките на системот
Имаат потреба од меѓусебна комуникација и кореспонденција која треба да биде сочувана и документирана
Имаат една централна локација(канцеларија) каде е сместен главниот сервер и повеќе објекти на различни оддалечени локации но немаат потреба или не сакаат да вложуваат во комплицирани информатички системи за поврзување и скапи интернет конекции
Работат со увоз и извоз
Имаат едноставен и сложен производствен процес
Работат во услужна дејност
collabBox
collabBox Пакет

Компоненти
Технологија и безбедност
CollabBox е софтвер кој ги задоволува сите критериуми за модерна апликација
Развој преку најсовремени програмски алатки
Можност за инсталација на сервер со Linux оперативен систем
Tomcat Apache веб сервер
Безбеден пристап реализиран преку VPN врска
Back up со цел за заштита од губење податоци

Имплементација и поддршка
Годишната гаранција опфаќа 12 месеци, комплетна поддршка.
За пост гаранциското одржување Акцент има спремено понуда во три нивоа на поддршка, во зависност од потребите на клиентот.
Ниво 1 на поддршка се наплатува 20% или 25% од вкупната вредност на софтверското решение, годишно, во завиност од временската рамка за интеревенција:
10% од вкупната сума на софтверското решение за имплементација на сите задолжителни законски регулативи кои се одразуваат на дел од процесите во софтверот, како и нови (подобрени и надградени) верзии на софтверското решение.
10% или 15% од вкупната сума на софтверското решение за интервенции:Број на интервенции се одредува во зависност од фактурираната сума за софтверското решение, сметано по 1.500 денари од работен час.
Рокот за интервенирање е 24 часа од моментот на пријавување на проблемот.
По искористените часови за интервенции, интервенцијата се наплатува по работен час, односно 1.500 денари/работен час, во пакет од по 5 интеревенции.
Доколку коминтентот има потреба да се интервенира веднаш, на територијата на Скопје, односно во рок од 2 часа, во тој случај, еден час интервенција се наплатува 2.500 денари.
Доколку коминтентот има потреба да се интервенира веднаш, но на територијата на Македонија, односно надвор од Скопје, во рок од 5 часа, во тој случај еден час интервенција се наплатува, исто, 2.500 денари, но дополнително се наплатуваат и патни трошоци, односно 30 денари од поминат км.
Телефонска поддршка:
Во работни денови, телефонската поддршка се одвива во работно време, односно, од 09:00 – 17:00 часот (20%) или од 09:00 – 22:00 часот (25%).
Во неработни денови и празници, кои согласно законот се прогласени за неработни денови, telephoneска поддршка не е предвидена.
Ниво 2 на поддршка се наплатува 10% од вкупната вредност на софтверското решение, годишно:
10% од вкупната сума на софтверското решение за имплементација на сите задолжителни законски регулативи кои се одразуваат на дел од процесите во софтверот, како и нови (подобрени и надградени) верзии на софтверското решение.
Интервенциите се наплаќаат дополнително по 2.500 денари од работен час. Рокот за интервенирање е 24 часа од моментот на пријавување на проблемот.
Доколку коминтентот има потреба да се интервенира веднаш, на териториата на Скопје, односно во рок од 2 часа, во тој случај, еден час интервенција се наплатува 3.000 денари.
Доколку коминтентот има потреба да се интервенира веднаш, но на територијата на Македонија, односно надвор од Скопје, во рок од 5 часа, во тој случај еден час интервенција се наплатува, исто 3.000 денари, но дополнително се наплатуваат и патни трошоци, односно 30 денари од поминат км.
Телефонска поддршка:
Во работни денови, телефонската поддршка се одвива во работно време, односно, од 09:00 – 17:00 часот (20%) или од 09:00 – 22:00 часот (25%).
Во неработни денови и празници, кои согласно законот се прогласени за неработни денови, телефонска поддршка не е предвидена.
Напомена
Доколку клиентот не се одлучи за ниту едно од наведените опции, секоја интеревенција ќе се наплаќа по 3.500 денари од работен час, а имплементација на законски измени или нови (подобрени и надградени) верзии на софтверското решение ќе се наплаќа 10% од фактурираната сума за софтверското решение за претходната година, 10% од фактурираната сума за софтверското решение за тековната година и 10% од фактурираната сума за софтверското решение за наредната година.
Интервенција од работен час за време на викенди и празници ќе се наплаќа по цена повисока за 50% од договорената.
Сите активности од техничката поддршка ќе бидат евидентирани во работни налози преку кои ќе се утврдува вкупниот обем на работа во текот на годината.
Доколку договорените часови за поддршка не се искористат во тековната година, истите не може да се пренесат во следната година.
Цените се без ДДВ 18%.
Побарајте помош за вистинското решение за Вашето работење
Нашиот тим Ви стои на располагање за сите Ваши прашања!

