ПОЛИТИКА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ИНФОРМАЦИСКИОТ СИСТЕМ НА АКЦЕНТ ДООЕЛ

Интерен документ
ОБ.00.А26

Accent

ПОЛИТИКА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ИНФОРМАЦИСКИОТ СИСТЕМ НА АКЦЕНТ ДООЕЛ

Целта и опсегот на Политиката за безбедност на информациите опфаќа јасни насоки дефинирани од страна на менаџментот и поддршка за безбедноста на информациите во согласност со политиките на Акцент ДООЕЛ и релевантните законски барања.Тоа се однесува на сите податоци со кои располага Акцент ДООЕЛ, информациските системи и информациските средства составени од објекти, податоци, софтвер, хартиени документи, човечки ресурси во релација со информациски технологии, развој, продажба и поддршка за хардвер, софтвер и услуги, системска интеграција.

Цели и мерки за безбедност на информацискиот систем

Примарната цел на информациската безбедност е зачувување на:

  • доверливоста, максимално обезбедена преку авторизиран пристап на овластени корисници до системот;
  • интегритетот, гарантиран преку заштита на сите елементи од системот, заштита на точноста и комплетноста
    на податоците;
  • достапноста на информациите и информациските системи , што е овозможено преку непречено
    користење на информативниот систем од неговите овластени корисници преку највисока заштита на
    информациите, услугите и ресурсите во сопственост или управувани од страна на Акцент ДООЕЛ.

За обезбедување на овие цели Акцент ДООЕЛ ги следи следниве стратегии:

  • Заштита на интересите на клиентите, вклучувајќи ги и личните податоци во фокус на заштита на
    купувачите, безбедноста на производите, услугите, информациските технологии и внатрешните процеси.
  • Исполнување на законските регулативи и усогласување со барањата на Законот за заштита на лични податоци усогласени со Општата регулатива за заштита на податоците на Европската унија (EU GDPR) и слични прописи за приватност;
  • Соработка со добавувачите на опрема и услуги;
  • Обезбедување на потребно оспособување и континуирана надградба на потребните знаења на
    вработените
    за ефективно спроведување на безбедноста на информацискиот систем;
  • Висока свест за важноста од навремено препознавање, информирање и бележење на инциденти поврзани со безбедноста на мрежни и информациски системи;
  • Планирање и примена на мерките за заштита на информациските системи преку:
    1. редовна или случајна проверка на безбедноста на информациските системи со изготвување на извештај
      со наоди и препораки;
    2. контрола на пристапот до информациите за да се обезбеди достапност само на оние на кои им е наменета;
    3. редовна проценка на ризиците поврзани со безбедноста на информациските системи, нивен приоритет, како и воспоставување на безбедносни мерки за справување со ризиците во случај на нивна појава, со кои ќе се обезбеди доверливост, интегритет и достапност на информациите;
    4. собирање на информации за заканите и нивно анализирање, со цел да се преземат соодветни мерки за ублажување;
    5. следење на безбедносни барања за cloud услугите за да имаме подобра заштита на информациите на cloud;
    6. информациската и комуникациската технологија да биде подготвена за потенцијални нарушувања, така што потребните информации и средства да бидат достапни кога е потребно. Ова вклучува планирање на подготвеност, имплементација, одржување и тестирање;
    7. мониторинг на физичка безбедност преку распоредување на соодветни алатки за надзор;
    8. управување со конфигурации – преку воспоставени политики, управуваме со начинот на кој се документира, спроведува, следи и прегледува употребата на конфигурации низ целата мрежа;
    9. бришење на информации, маскирање на податоци и заштита од протекување на податоци;
    10. активности за следење на мрежата за да се идентификува сомнително однесување и да се адресираат безбедносни настани и инциденти;
    11. филтрирање на веб – спроведување на контроли за пристап и мерки за ограничување и контрола на пристапот до надворешни веб-локации;
    12. надлежност и одговорност за воведување, управување и надзор на безбедноста на информациските системи;
    13. Обезбедување на деловен континуитет во работењето, за критичните процеси.

Контролите за информациска безбедност се специфицирани, избрани и подобрени преку користење на атрибути:

  • Тип на контрола: превентивна, откривачка, корективна
  • Својства за безбедност на информациите: доверливост, интегритет, достапност
  • Концепти за сајбер-безбедност: идентификување, откривање, заштита, одговор, опоравување
  • Оперативни способности: безбедност на апликации, управување со средства, континуитет, управување,
    безбедност на човечки ресурси, управување со идентитет и пристап, заштита на информации, обезбедување
    на безбедноста на информациите, управување со настани за безбедност на информации, правна и
    усогласеност, физичка безбедност, управување со конфигурација, безбедност на системот и мрежата,
    безбедност во односите со добавувачите, управување со закани и ранливости
  • Безбедносни домени: одбрана, управување и екосистем, заштита и отпорност

Подобрена заштита на приватноста на податоците: Спроведувањето на ISO 27001:2022 треба да ја зајакне и заштити приватноста на податоците. Ажурираниот стандард вклучува мерки за справување со грижата за приватноста на податоците, помагајќи во исполнувањето на регулаторните барања и да ги заштитување на чувствителните информации.

Датум:
генерален директор
23.12.2024
Милан Петровски