
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И ИТ УСЛУГИ
МИСИЈА
Нашата мисија е едноставна: Да ги развиваме најдобрите и најквалитетни компјутерски решенија кои ќе служат на различните потреби на корисниците во Македонија. Како една од водечките ИТ компании на локалниот пазар, нашата бизнис политика подржаната со квалитет, сервис и добра вредност на решенијата мора да го одржат АКЦЕНТ во врвот на водечките компании во Македонија. Од самото формирање стратегијата на Акцент беше да се поврзе со водечките компании во IT индустријата.
ВИЗИЈА
Континуираниот раст на компанијата е наша обрска. Oд формирањето па до сега компанијата расте со зголемување на прометот на годишно ниво од 20-30% секоја година. Фокусот мора да биде насочен кон одржување стапка на раст на компанијата преку воведување на нови услуги и решенија, како и проширување на други пазари. Професионалноста во работeњето и посветеноста на Раководството на АКЦЕНТ Дооел се декларира преку постојана грижа за едукација на вработените. Со тоа се обезбедува постојана конкурентност и ликвидност, а на вработените во компанијата подобар социјален статус.
Нашето мото вклучува знаење, навременост и достапност – „мисли глобално, делувај локално – цели високо”.
Раководството на АКЦЕНТ ДООЕЛ воспоставува Политика за квалитет и Цели за квалитет и обезбедува нивна компатибилност со контекстот и со стратешките усмерувања на организација, континуирано следење на процесите, нивна реализација и подобрување преку користење на процесен пристап и размислување засновано на ризик
Главни цели на база на кои АКЦЕНТ се развиваше, се развива и кои ќе го подржат нашиот понатамошен раст се:
- Перманентно подобрување на Системот за квалитет и управување со ИТ услуги согласно барањата на стандардите ISO 9001:2015/ISO 20000-1:2018 преку развој и зголемување на организациското знаење, преиспитување од страна на раководството и делење на резултатите со остатокот на организацијата
- Постојаната грижа за корисниците е еден од основните приоритети на вработените во Акцент ДООЕЛ, а потполната доверба и задоволство кај коминтентите, е наша постојана обврска
-
Квалитетни производи и услуги за клиентите, со цел да се постигне висок степен на задоволство на сите
заинтересирани страни преку исполнување на нивните барања; - Најквалитетна и најбрза техничка поддршка и максимално брзи и ефективни сервисни услуги за нашите клиенти
- Строго избрани и контролирани добавувачи како гаранција за квалитетот на испорачаните производи
- Стабилен партнер за своите вработени, за своите клиенти и соработници. Целта на нашето постоење е да ги направиме нашите корисници горди на одлуката да соработуваат со нас
- Спојот од најновата технологија со човечката креативност, иновативност и професионалност, резултира со производи кои успешно ги надминуваат бизнис проблемите со кои се соочуваат компаниите во нивното секојдневно работење.
- Внатрешната комуникација меѓу вработените е нешто на коешто постојано се работи.
- Создавање на добри релации е носечкиот столб за подобро разбирање на задачите кои претстојат пред вработените. Со тоа компанијата го зацврстува и го гради своето реноме преку единствено и здружено настапување пред проблематиката со која се соочува.
- Стремеж за континуирано подобрување преку елиминирање на неусогласеностите во работењето, намалување на бројот на жалби и зголемување на задоволство на корисниците.
- Примена на законската легислатива и задоволување на барањата на стандардите ISO 20000-1:2018 и ISO 9001:2015.
- Прашањата за климатските промени се разгледуваат од страна на организацијата во контекст на ефективноста на системот за управување, покрај сите други прашања.
Сите вработени се запознаени со оваа политика и истата се ревидира еднаш годишно од страна на раководството на Акцент ДООЕЛ.