Сервисери за техничка поддршка за фискални апарати
Акцент има потреба од сервисери за техничка поддршка за фискални апарати
Во потрага сме по кандидати кои се одговорни, посветени на работата, спремни за нови предизвици и лесно прилагодливи. Доколку сакате да бидете дел од професионалниот тим на Акцент и ги исполнувaте следниве услови, испратeте ни го Вашето CV.
Потребни квалификации:
- Возачка дозвола Б категорија;
- Средна стручна спрема (пожелно техничко образование);
- Основно познавање на канцелариски апликации: Microsoft Office/Libreoffice;
- Грижливост во опслужување на корисници и самокритичност во исполнување на дадени задачи;
- Сериозност, потрага по константно подобрување и желба за учење;
- Основно познавање на електроника и електронски компоненти или сервисирање на компјутери или други електрични и електронски апарати ке се смета за предност.
Ве молиме испратете е-маил со Вашето CV на contact@accent.mk со назнака за која позиција аплицирате.
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на тестирање.
Почетната плата ќе биде соодветна на завршеното образование, досегашното работно искуство и завршените обуки.
Рок за пријавување: 12.02.2023