Мобилна апликација – mCollab
mCollab е софтверска апликација наменета за компаниите кои се занимаваат со дистрибуција и продажба на терен. Нарачките од терен сега можете да ги правите од Вашиот ANDROID уред.
Работа во движење
Следејќи го начинот на кој дотогаш работеле нашите комитенти, долги часови работа и во многу чекори употребувајќи стари, големи и несоодветни апликации за нивното работење, создадовме концепт за софтвер, со кој ги елиминараме моментите кои претставуваат потешкотија и воведовме организација, брзина и контрола во работењето на компаниите.
Не дозволувајте старите или несоодветни софтвери за Вашето работење да застанат на патот кон Вашиот успех. Зошто да плаќате за софтвер кој нема во целост да го употребувате? Дозволете модуларноста на нашиот софтвер да Ви овозможи да платите онолку колку што планирате да користите. Зошто тешки и сложени апликации да ги зафаќаат ресурсите и да ја намалуваат брзината на работењето? Времето го поминувате во чекање. Не дозволувајте спорите и несоодветни извештаи да Ви застанат на патот кон успехот.
Наше задоволство е да Ви понудиме производ кој ќе биде функционален, модерен и лесен за користење. Постојана мотивација ни е да создаваме производи кои навистина ќе направат разлика и ќе го подобрат работењето на нашите комитенти. Како досега така и во иднина сакаме да бидеме горди на нашите проекти.
Сите оние кои сакаат да напредуваат во своето работење, а за таа цел им треба подобра, побрза организација, детални извештаи, растеретереноста од носење повеќе апарати на терен, кои во исто време може бидат помали а поефикасни. Притоа, ослободувајќи го сопственото време за продуктивни, иновантивни и креативни процеси кои ќе допринесат до нивно поголемо учество на пазарот.
Работете со условите кои ги овозможува технологијата денес.
Технологијата продолжува да го менува светот, а Акцент успешно го прави спојот од најновата технологија со човечката креативност, иновативност и професионалност, што резултира со производи кои успешно ги надминуваат проблемите во работењето.
Модул Продажба
Брзо и едноставно креирање документи од терен, нивно печатење во А4 формат или пак издавање на фискални сметки, како и брз, сигурен и едноставен пренос на податоците кон и од терен.
Повеќе нарачки во денот
Зголемена вредност на просечна нарачка
Скратена постапка за нарачка
GPS мапа
Повик до комитент
Модерен и функционален интерфејс
Компоненти
Креирање на документи
Несинхронизирани документи
Параметрирање различни типови документи
Потврдување претходно креирани документи
Печатење на сметки и фактури
Внес на артикли по баркод или копче за артикл
Внес на цена и опција за давање рабат
mCollab GPS мапа
Директен повик до комитент
Модул попис
Овозможено брзо и едноставно креирање попис на вашиот магацин.
Поголема организација
Скратено време за попис
Полесна изведба
Извештаи – лагер
Баркод читач
Модерен и функционален интерфејс
Компоненти
Внес на артикли и количина за попис
Попис на основни средства
Лагер листа
Ценовник
Комитенти
Корисници
Синхронизација
mCollab GPS мапа
Параметрирање