Акцент како високо технолошка компанија секогаш се труди да биде чекор пред времето кое доаѓа, па така како поддршка на своето работење секогаш ги користи најновите технологии од областа на системската интеграција.
Сите системи како од серверска така и од апликациска природа се изработени и одржувани одвнатре. Во долгогодишното работење стекнавме искуство и знаење кое можеме да го пренесеме и кај вас во вашата компанија, на вашите ИТ системи. Преку внимателно и сеопфатно анализирање и со мудро планирање, кошмарот наречен ИТ системи за многу компании може да се претвори во задоволство во работењето и добра и солидна поддршка за вашиот бизнис.
Како доказ се низата компании кои го довериле нивното работење на нашиот искусен тим и производите кои ги креираме било од апликациска или системска природа.
Високо-достапен кластер систем со обработка на преку еден милион трансакции на дневно ниво.
Повеќе виртуализирани системи за ПОС, Материјално-книговодствено, колаборација, работење со илјадници трансакции на дневно ниво.
Неколку решенија за интерконекција на одалечени локации со централата како и овозможување на сигурен пристап до компанискиот ИТ систем.
Виртуелизација
Виртуелизација е софтверска техника со која се емулира работењето на целиот компјутер.
Со неа се овозможува на еден физички компјутер да бидат инсталирани неколку виртуелни компјутери со инсталирани оперативи системи и соодветни апликации. При тоа, инсталираните виртуелни компјутери можат да не се гледаат меѓу себе, а оперативниот систем кој е инсталиран и се извршува во рамки на едниот виртуелен компјутер е убеден дека само тој има севкупна контрола над компјутерот.
Со имплементација на виртуелизација се добиваат голем број на поволности:
Ефикасно користење на ресурсите
Висока достапност
Заштеда на електрична енергија
Помала разладна моќ
Брзо и лесно провизионирање
Скалабилност
Компатибилност со голем број на хардверски платформи
Автоматизација
Достапност
Backup and restore
Планиран или непланиран, пад на системот може да дојде од било кој правец, во било која форма и во било кое време.
Неможноста да функционира компанијата во ситуација каде ИТ системот не е во функција може да доведе до непоправливи штети на вашиот бизнис.
Support
Катастрофите, непредвидли по природа можат да се случат било каде и било кога без најава. Повратокот од нив може да биде многу стресен, скап и да одзема многу време особено за оние кои не мислеле однапред и се подготвиле за ваква случка.
Како и да е, кога ќе се случи катастрофа од било кои размери тие што се подготвиле за неа и подготвиле планови за реакција ја преживуваат со минимални загуби и/или прекин во работењето.
Акцент во своето долгогодишно работење има имплементирано повеќе вакви системи базирани на отворен код кај клиенти кои ја увиделе потребата и важноста на стабилноста и конинуираното работење на нивните ИТ системи. Покрај заштедата на хардверската опрема, простор, енергија, клиентите добиваат и на додадена вредност со користење на платформите од отворен код пред и се зашто се тие бесплатни и отворени за развој на нови функции од било кој.
Колаборација
Сервисите ви овозможуват флуидна комуникација во организацијата со овозможување на комуникација во реално време и ефективна колаборација независно каде се наоѓаат учесниците, начинот и алатките што ги користат, креирајќи поподвижни и компетитивни работници.
глобален адресар
календар
глас преку ип
видео преку ип
Мрежни решенија
Правилниот дизајн, инсталација и одржување на инфраструктурата е од фундаментална важност за вкупните перформанси и доверливоста на мрежата.
Денес е се побитно за вашата организација да може да пренесува, менаџира и дели оргомна количина на податоци брзо и ефикасно со нагласок на гласовна и видео комуникација.
Од витална важност е вашата мрежна инфраструктура да работи со своите врвни перформанси, така ќе овозможи корисниците и апликациите да работат на нивните врвни перформанси.
Срцето на секоја мрежа е нејзината инфраструктура, комуникацискиот линк помеѓу вмрежените уреди се често потценет круцијален дел на мрежата. Погрешно дизајнирање на каблирањето, погрешен избор на клучните мрежни уреди, нивна поставеност и поврзување доведува до лоши перформанси, непредвидливи испади и многу други проблеми.