Aсистенти/техничари/специјалисти за техничка поддршка на софтвер
Акцент има потреба од асистенти/техничари/специјалисти за техничка поддршка на софтвер:
Во потрага сме по кандидати кои се одговорни, посветени на работата, спремни за нови предизвици и лесно прилагодливи. Доколку сакате да бидете дел од професионалниот тим на Акцент и ги исполнувaте следниве услови, испратeте ни го Вашето CV.
Потребни квалификации:
- Возачка дозвола Б категорија;
- Основно познавање на англиски јазик;
- Основно познавање на канцелариски апликации: Microsoft Office/Libreoffice;
- Основно познавање на Windows оперативниот систем, познавање на Linux ке се смета за предност;
- Основно познавање на компјутерски мрежи ке се смета за предност;
- Грижливост во опслужување на корисници и самокритичност во исполнување на дадени задачи;
- Сериозност, потрага по константно подобрување и желба за учење.
Лицата кои ќе станат дел од нашиот тим ќе учествуваат во:
- Техничка поддршка, дијагностицирање и решавање на техничките проблеми на клиентите кои ги користат софтверските решенија на Акцент;
- Тестирање на функционалности на софтверски производи на Акцент, наоѓање на грешки и давање на предлози за подобрувања;
- Ескалација на проблемите до нашиот тимот за развој, координација и пренос на повратните информации помеѓу клиентите и тимот за развој;
- Инсталација и одржување на компјутери, софтвер, мрежна опрема, мобилни уреди;
Ве молиме испратете е-маил со Вашето CV на contact@accent.mk со назнака за која позиција аплицирате.
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на тестирање.
Почетната плата ќе биде соодветна на завршеното образование, досегашното работно искуство и завршените обуки.
Рок за пријавување: 12.02.2023